КОЈ Е PRODIMED

Краток вовед

Prodimed е водечки производител и дистрибутер на диететски производи и на располагање има обучени и квалификувани диететичари, нутриционисти, доктори и здравствени професионалци преку кои ексклузивно може да се дојде до производите на Prodimed. Нашата мисија е да им помогнеме на луѓето да ослабат на правилен и одговорен начин без да се плашат дека ќе се вратат на старите навики. Тоа го постигнуваме преку квалитетен производ и чиста формула што ги одразуваат размислувањата на водечките нутриционисти и преку пристап што се базира на однесувањето за третирање на лошите навики во исхраната. Ние се стремиме да имаме тесна соработка со нашите придружни здравствени стручњаци и доктори со цел заедно да може да понудиме решение за еден сѐ поприсутен здравствен проблем.

Меѓународна компанија

Глобална мрежа

Прекумерната телесна тежина претставува сѐ поголем проблем насекаде низ светот. Како резултат на научните истражувања спроведени исклучиво со Prodimed од страна на Универзитетскиот медицински центар Лeјден (LUMC) и големиот успех што континуирано се постигнува во ординациите и во клиниките, постои сѐ поголема побарувачка за Prodimed во други земји и на други континенти. Prodimed е секогаш подготвен да се осврне на овoj проблем и минуваме низ период на огромен раст со цел да обезбедиме решение со вистински меѓународни размери. Моментално Prodimed има канцеларии во Холандија, Белгија, Луксембург, Германија, Австрија, Обединетото Кралство, Република Ирска, Аруба, Бонер и Курасао.

Од идеја до производ

Развој и производство

Prodimed нуди широка палета производи со различни вкусови и облици за да се избегне еднолична исхрана при држењето диета и да се обезбеди доволна разнообразност. Prodimed има ексклузивен рецепт и за да се постигнат најдобри резултати, имаме тим специјалисти кои постојано работат на изработка на нови производи. Се фокусираме на важните фактори, како што се квалитетот, составот и вкусот. Prodimed целосно ги изработува и пакува производите во своите простории, и со помош на најновата и најнапредна современа технологија се грижиме да ја задоволиме растечката меѓународна побарувачка во периодите кога таа е најголема.

Дистрибутивен центар

Управување со резерви и испорака

Исто така, управувањето со целокупната дистрибуција и складирање се врши интерно во рамки на Prodimed. Преку современ и централен дистрибутивен центар, кој е опремен со најнова автоматизирана технологија и кој ги исполнува највисоките стандарди за квалитет. Нарачките може да се вршат 24/7 и се обработуваат секојдневно, производите се испорачуваат насекаде низ светот и се доставуваат од доверливи и сертифицирани доставувачи.

Професионална поддршка

Клучот за успех и долгорочни ефекти

Програмата за третман на Prodimed (Prodimed Treatment Programme) се заснова на научна и медицински базирана основа и затоа бара стручно знаење и вештини. Со современо опремена служба за грижа на корисници може да очекувате солидна поддршка и совети од нашите квалификувани здравствени стручњаци, кои им се достапни како на потрошувачите, така и на бизнис секторот.
Најдете стручно лице

Како можеме да Ви помогнеме?

Нашиот персонал Ви стои на располагање

Испратете ни е-пошта

info@prodimed.mk

повик +389 (0) 2 3 132 092

Во работни денови

Start a chat session

We are online now

Chat off line

Send us a message